Научи танго! https://naucitango.mk/ За магија се потребни двајца Sat, 29 Apr 2023 22:17:17 +0000 en-US hourly 1 https://naucitango.mk/wp-content/uploads/2018/09/icon-100x100.png Научи танго! https://naucitango.mk/ 32 32 Најди внатрешен мир и надмини го стресот со интимна танго прегратка https://naucitango.mk/stres/ Sat, 29 Apr 2023 19:37:46 +0000 https://naucitango.mk/?p=796 Дали тангото го има токму она што докторот ти го препорачува? Како овој сензуален и елегантен танц може да ти помогне да најдеш душевно спокојство и да ги надминеш стресот и анксиозноста? Постојаниот стрес и анксиозност може животот да ти го направат хаос. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, емотивен немир и чувство на беспомошност. Многумина се […]

The post Најди внатрешен мир и надмини го стресот со интимна танго прегратка appeared first on Научи танго!.

]]>

Дали тангото го има токму она што докторот ти го препорачува? Како овој сензуален и елегантен танц може да ти помогне да најдеш душевно спокојство и да ги надминеш стресот и анксиозноста?


Постојаниот стрес и анксиозност може животот да ти го направат хаос. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, емотивен немир и чувство на беспомошност.

Многумина се борат да најдат вистински начин да ги контролираат, но малку луѓе знаат дека постои еден лесен и забавен начин: танцувањето танго.

Целиот фокус на тангото е на поврзувањето и интимноста, а токму тоа е она што може да ти помогне да го најдеш внатрешниот мир и да го намалиш стресот во животот.

Во овој текст ќе ги разгледаме разните бенефити на танцувањето танго за намалување на стресот и анксиозноста. Овде, исто така ќе најдеш и препораки како може да почнеш со часови.

Нападнати од сите страни!

Стресот и анксиозноста се широко распространети проблеми. Луѓето работат подолго, се соочуваат со посилен притисок од претпоставените, се грижат за блиските, а истовремено наоѓаат сè помалку време за себе.

Многу студии покажуваат дека сето тоа води до цел спектар на физички здравствени проблеми, вклучувајќи болести на срцето, висок притисок и дијабетес. Постојаниот емотивен немир води во депресија и анксиозни растројства.

Поради сето тоа, секој треба да најде најдобар начин ефективно да го контролира нивото на стрес; да најде време за себе и да се опушти.

Спасоносна танго прегратка

Кога играш танго влегуваш во состојба каде што се губи чувството на време и каде што стануваш целосно присутен во сегашниот момент. Тоа е целосно медитативна состојба.

1. Двојна доза ендорфини

Танцувањето бара концентрација и фокусирање, што само по себе го смирува умот и го намалува стресот. Дополнително, физичкото движење прави телото да ослободува ендорфини, кои се природни стимуланси кои го подобруваат расположението. Поради тоа, кога играш танго всушност добиваш двојна доза ендорфини, што овој танц го прави неверојатно ефективен за намалување на стресот и подобрување на здравјето.

2. Чувство на припадност и доверба

    Но, она што тангото го прави неверојатно корисно не се само физичките бенефити. Тангот е танц на поврзувањето со други луѓе; танц на блискоста. Прегратката е интимна, исполнета со поддршка и заедништво: тоа создава чувство на безбедност.

    Кога танцуваш со партнер на кој му веруваш, вие комуницирате без зборови, на невербален начин. Тоа ти помага да си верувате и да си давате поддршка еден на друг. Оваа доверба силно го намалува стресот и анксиозноста затоа што во тебе гради чувство за припадност и поврзаност.


    Стресот и анксиозноста се тешки проблеми кои на многумина им изгледаат непремостиви – но тангото може да ти помогне! Чувството на занес и безвременост, ослободувањето на ендорфини, и доживувањето на интимната танго прегратка, каде што може да се осетиш безбедно и поддржано, помагаат да се надминат стресот и анксиозност на многу ефективен начин.

    Ако сакаш да го намалиш стресот и да најдеш внатрешен мир, танго часовите се одличен прв чекор.

    Зошто не се обидеш? Ќе се изненадиш колку ова искуство може да донесе внатрешен мир и благосостојба.


    Пријави се за бесплатни часови

    Ние не сме само училиште за танго – ние сме заедница!
    Работиме како непрофитна организација која сака да им го отвори светот на тангото на колку што може повеќе луѓе.

    *Не чекај – бројот на места е ограничен!


    Тангото знае да те опушти и да ти помогне да ги заборавиш секојдневните проблеми. Додека сум на час, еден саат во денот не мислам на ништо освен на танго.

    Владимир

    Тангото е мојот омилен дел од денот. Време кога потполно им се предавам на музиката и емоциите. Прегратка која ме носи во еден посебен свет.

    Зорица

    → Кликни тука да дознаеш повеќе

    The post Најди внатрешен мир и надмини го стресот со интимна танго прегратка appeared first on Научи танго!.

    ]]>
    Зошто е тангото опасно по живот? https://naucitango.mk/opasno-po-zivot/ Fri, 15 Apr 2022 18:30:59 +0000 https://naucitango.mk/?p=426 Warning: tango contains highly addictive ingredients, such as pain, pleasure, passion, excitement, connection, freedom, torment, and bliss. In seven out of ten cases it takes over a person’s life Што е тоа што тангото го прави толку опасно за да им се даваат вакви предупредувања на луѓето? Колку и да е овој цитат кажан како […]

    The post Зошто е тангото опасно по живот? appeared first on Научи танго!.

    ]]>

    Warning: tango contains highly addictive ingredients, such as pain, pleasure, passion, excitement, connection, freedom, torment, and bliss. In seven out of ten cases it takes over a person’s life

    Што е тоа што тангото го прави толку опасно за да им се даваат вакви предупредувања на луѓето? Колку и да е овој цитат кажан како духовита досетка, тој сепак содржи многу вистина во себе.

    Ќе се обидам да објаснам што е она што тангото го прави толку „опасно“.

    1. Магијата на човечката комуникација

    Танго прегратката не е само она што може да се види однадвор. Оние кои танцуваат преку таа прегратка воспоставуваат комуникација која ги надминува бариерите на секојдневието. Кога танцуваш со некого не е важно како се вика, што работи, што е по религија или националност, колку заработува, дали повеќе го сака барокот или минимализмот… Во танго прегратката како во ниедна друга комуникација до израз доаѓаат работите што со зборови не може да се изразат, оние суптилни треперења на душата, внатрешните состојби, емоциите, стравовите, соништата, страста… Со еден збор – доаѓа до израз душата.

    Често се случува да танцуваш со некого за кого не знаеш ни како се вика, а да се чувствуваш како да се познавате отсекогаш. Така е зашто танго прегратката открива работи кои си ги кажуваат само оние кои се познаваат отсекогаш.

    Придружи ни се!
    Отвори ја вратата на еден нов свет.

    Почетничките часови се лесни и забавни.
    Ако не си задоволен/задоволна можеш да се откажеш кога сакаш.

    2. Слаткиот вкус на напредокот

    Тангото е активност во која учењето нема крај. Никогаш не можеш да бидеш најдобар и никогаш не можеш да кажеш дека знаеш сè. Тоа е не е натпревар во кои некоја жири комисија те оценува и ти дава награда. Тоа не е стандардизиран танц и не постојат завршни испити или доделување дипломи. Наградата што ја добиваш е задоволството од напредокот, а оценувањето се милонгите (игранките) на кои го користиш она што си го научил/а.

    Сите оние часови вежбање и учење нови и нови работи добиваат смисла кога ќе го почувствуваш задоволството дека твоето тело ги прави движењата кои што отсекогаш си посакувал/а да ги направиш. Тангото те учи дека е важно патувањето, а не стигнувањето на целта. Тангото е како и животот.

    3. Екстазата на музикалноста

    Не знам дали некој успеал да утврди кога луѓето првпат почнале да танцуваат, ама верувам дека е тоа многу рано во историјата на човештвото. Постои некоја магија во движењата на телото кои совршено се поклопуваат во ритамот и мелодијата на некоја музика. Кога танцуваш всушност ја следиш музиката, но постојат моменти кога ти се чини дека музиката ги следи твоите движења. Таквото совршено совпаѓање на движењата на телото и музиката го прават танцувањето екстатично доживување: имаш чувство дека телото ти лебди над подот и дека се движи заедно со ритамот и мелодијата во воздухот.

    Танчерите често ќе ти речат и дека на моменти се губи целиот свет околу, дека сè станува црно-бело и дека постојат само партнерот и музиката. Знам дека на многумина ова можеби ќе им се чини како претерување – единствен доказ за тоа колку е ова точно е фанатичноста со која тангеросите играат танго, тоа колку часови поминуваат на игранки и како го преуредуваат својот живот за да направат простор за оваа страст.

    4. Топлината на глобалното танго семејство

    Луѓето од танго светот се луѓе кои патуваат и луѓе кои сакаат да се поврзат со странците – зашто ги поврзува заедничката страст. На шега понекогаш на моите ученици им велам дека сите што играат танго се една нација – сите сме Аргентинци, а тангото е наша религија. Секој поголем град во било која земја од САД до Нов Зеланд и Јапонија, од Русија и Кина до Филипините, Хонг Конг, Либан и Јужна Африка… речиси и непостои поголем град во светот каде што не постои некоја танго заедница. И постои некоја енергија која ги поврзува сите, дури и кога немале прилика лично да се запознаат. Истото она чувство што го имаш кога во странска земја ќе сретнеш некој што го зборува твојот јазик – така се однесуваат меѓу себе сите кои танцуваат танго.

    На пример, постои една фејсбук група на која секој тангерос кој патува и треба неколку часа да чека трансфер на некој аеродром, може да соопшти точно место и време, па ако некој друг тангерос случајно е таму во тоа време, закажуваат средба и танц. Таму, на аеродромот, во просториите за чекање.Тоа е таа поврзаност зашто оној што научува танго станува член на едно глобално семејство.

    5. Откривањето на светот

    Парите се секогаш проблем, ама понекогаш уште поголем проблем е мотивацијата. Оние кои танцуваат танго, повеќе патуваат – не затоа што имаат повеќе пари, туку затоа што се помотивирани. Тангото е одлична причина за да почнеш да патуваш. Мрежата танго пријатели што ќе ја запознаеш многу ќе ти помогне твоето патување да биде поевтино и попрактично, а понекогаш некој од нив може дури и да ти понуди и бесплатно сместување.

    Постојат многу интернационални танго настани чии организатори ќе ти понудат помош при сместувањето и организацијата на патот. Сето тоа ќе ти помогне патот да ти биде многу поефтин и поприфатлив, отколку ако патуваш како обичен турист.

    автор: Ивица Антески

    The post Зошто е тангото опасно по живот? appeared first on Научи танго!.

    ]]>
    Тангото и сцената https://naucitango.mk/tangoto-i-scenata/ Mon, 11 Apr 2022 13:39:47 +0000 https://naucitango.mk/?p=409 Пред 30 години, тангото не беше сценски настап. Немаше кореогафии, а жената не беше тука само да следи, тангото ѝ беше посветено на неа. Откако во Аргентина на власт дојде диктатурата, многу милонгероси престанаа да танцуваат. Им здодеа да ги собира полицијата секој викенд за да провери дали имаат криминално досие. Некои милонгероси одеа во […]

    The post Тангото и сцената appeared first on Научи танго!.

    ]]>

    Пред 30 години, тангото не беше сценски настап. Немаше кореогафии, а жената не беше тука само да следи, тангото ѝ беше посветено на неа.

    Откако во Аргентина на власт дојде диктатурата, многу милонгероси престанаа да танцуваат. Им здодеа да ги собира полицијата секој викенд за да провери дали имаат криминално досие. Некои милонгероси одеа во маалските клубови каде што мораа да танцуваат со своите соседи, роднини, сестри на пријатели – сето тоа под будното око на мајките. Беше многу здодевно. Во тоа време момците веќе ја имаа поминато фазата на фигурите. Веќе го имаа поминато филтерот: кога навистина не знаеја да танцуваат користеа 20 фигури; кога научија малку повеќе, користеа 10; кога сфатија што прават, почнаа да танцуваат со само 5 фигури.

    Останатото го научија од оркестрите на тоа време: како да се движат на подиумот; како да го владеат ритамот. Тогаш секојдневно танцуваа на некои од најдобрите оркестри: Osvaldo Pugliese, Anibal Troilo, Juan D’Arienzo, Francisco Canaro, Alfredo Gobbi и сл.

    Подоцна, сè се смени. Тангото се качи на сцена и беше претворено во кореографија. И стана танц на глувите. Подиумот денеска понекогаш наликува на воена зона. Жените дури и немаат можност да изберат партнер. Мажите ги грабаат од масите како да се овошје во супермаркет.

    Придружи ни се!
    Отвори ја вратата на еден нов свет.

    Почетничките часови се лесни и забавни.
    Ако не си задоволен/задоволна можеш да се откажеш кога сакаш.

    Тангото е чувство кое се танцува. Затоа не може да биде кореографија, иако може да има секвенци, исто како и сите чувства. Можеш да танцуваш љубов, бес, среќа, уживање, секое расположение. Тангото не е танц на покажување што знаеш, туку на интерпретирање што чувствуваш. Не е само движење на нозете и постура. Тангото е аргентинско, но им припаѓа на сите кои ги разбираат неговите чувства и неговите правила.

    Момци, за да танцувате танго мора да го слушате срцето на жената.

    (ноември 1998, од Качо Дантe милонгеро од Буенос Аирес) 

    текстот е преземен и преведен од ТУКА

    The post Тангото и сцената appeared first on Научи танго!.

    ]]>