За среќа се потребни двајца!

Научи танго! Не постои подобар начин да го поминеш слободното време.

Пријави се бесплатно!

Првите часови се бесплатни. Нема што да изгубиш.

Сврти нова страница!

Понекогаш еден клик е доволен за да почнеш промена која ќе ти донесе прекрасни нешта. Тангото не е само танц, тангото е начин на живот. Тоа може да ти го збогати секојдневието на многу начини!

Опушти се после работа!

Тангото е одличен начин да се ослободиш од стресот после напорното секојдневие.

Разубави го сивилото!

Танцот може да ти разбуди чувства што може да го разубават и најсивиот ден.

Стекни нови пријатели!

Дружбата со нови пријатни луѓе е важен дел од социјалното танго.

Зголеми ја самодовербата!

Тангото ти дава платформа да работиш на себе и да станеш подобра личност.

Подобри го здравјето!

Покрај тоа што е физичка активност, тангото помага и затоа што е медитација.

Тргни се од пред екраните!

Тангото може да ти помогне да ја надминеш зависноста од мобилен, лаптоп, телевизор…

Пријави се веднаш!
Овде почнува твојата танго авантура.

Пријави се бесплатно!

Пробај. Немаш обвска да останеш.

Што велат оние кои веќе танцуваат?

Доколку сакаш да дознаеш повеќе, еве што велат некои од нашите сегашни ученици:

Владо

Покрај предизвикот да научиш нешто ново, тангото за мене е одлична прилика да се „излуфтирам“ после работа и од домашните обврски со семејството.

    Зорица

    Тангото е мојот омилен дел од денот 🙂 Време кога потполно им се предавам на музиката и емоциите. Прегратка која ме носи во еден посебен свет во кој постоиме само Јас и Тој.

      Сања

      Тангото е возбуда, откривање нова димензија на љубовта и страста, надминување на напорот на секојдневието, прочистување на духот, градење самодоверба.

        Весна

        За мене тангото е волшебно. Ја враќа самодовербата, ги подобрува менталните и физички способности, и најважно е уживањето во музиката и прегратката.

          Јасмина

          Најголем предизвик ми е да се препуштам на уживањето – тангото ми дава неверојатна можност да работам на тој дел од мојот карактер. И што е најубаво – да уживам во тоа!

            Александар

            Поминувам долги часови на биро, пред компјутер. Тангото за мене е ослободување од стресот и медитација; и откривање на еден возбудлив свет. Секој танц е 12 минути љубов.

              Предраг

              Танцувам и други социјални танци , ама социјалното танго ми е предизвик затоа што помага да се откриеш себеси, да осознаеш каков си навистина длабоко во своето битие.

                Владимир

                Тангото знае да те опушти и да ти помогне да ги оттргнеш мислите од секојдневните проблеми. Додека сум на час, еден саат во денот не мислам на ништо освен на танго.

                  Место за тебе

                  Овде би можело да стои твоето искуство. Како ти ќе го доживееш тангото и нашите танго дружби? Како ќе влијае на тебе? Колку промени може да направи во твоето секојдневие?

                    Направи го првиот чекор! Отвори ја вратата на еден нов свет!

                    Пријави се бесплатно!

                    Почетничките часови се лесни и забавни.
                    Ако не си задоволен/задоволна можеш да се откажеш кога сакаш.

                    Мислиш дека немаш талент?

                    Низ нашите часови и работилници поминале повеќе од 1000 ученици и сè уште не сме сретнале некого кој не успеал да ги научи основите – а тоа е сè што ти е потребно за да уживаш. Учењето е забавен процес!

                    Сето останато што ќе го научиш само ќе ја разубави твојата авантура.

                    Пријави се бесплатно!

                    Ние силно веруваме дека светот би бил многу подобар кога секој барем еднаш би танцувал танго, зашто не постои поубав начин да се поврзеш со другите.

                    Процесот на еден ученик изгледа вака:

                    ➾ Почетникот посетува часови и обично за неколку месеци, во зависност од талентот и трудот, ги совладува основните вештини за да може да посети милонга (игранка).

                    ➾ На милонга танцува со различни партнери: бира и бидува одбран/а. Доколку некој не сака, не мора да менува партнери, но тоа се случува многу ретко.

                    ➾ За да си ги подобри вештините и да може да танцува со подобри партнери, тој/таа продолжува со часовите се додека чувствува дека напредува.

                    ➾ Поискусните често за викенди патуваат на меѓународни настани: тоа не се напреварувања, туку места каде што можеш да танцуваш со луѓе од цел свет.


                    Социјалното танго не се учи за диплома или натпревари. Ние танцуваме само со една цел: да се дружиме и да си поминеме убаво.

                    Не пропуштај да се пријавиш за новата група

                    Бидејќи секогаш работиме со мали групи бројот на местата е ограничен. Пријави се уште од сега за да те ставиме на листата за чекање за новата група.

                    Пријави се бесплатно!

                    Често поставувани прашања

                    Ова се најчестите дилеми што ги имаат оние кои се заинтересирани. Доколку имаш дополнително прашање слободно пиши ни:

                    Loading
                    Дали часовите се навистина бесплатни?

                    Да, навистина добиваш бесплатни часови.

                    Часовите на почеток се бесплатни за секој да може навистина да почувствува што е всушност социјалното танго, пред да одлучи да почне со редовни часови.

                    Ова е ограничена понуда која нема да биде достапна засекогаш, затоа немој да се двоумиш.

                    Колку чинат редовните часови?

                    Цената зависи од интензитетот и времето што сакаш да го поминеш во учење. Висината на чланарината е секогаш пониска кога плаќаш за подолг период на учење (на пример за еден месец или за три месеци). Во просек поединечен час чини 300 денари.

                    Дали давате приватни часови?

                    Да! Работата еден на еден или само со еден пар е можеби најбрзиот начин да научиш да танцуваш. Цената за приватните часови не е фиксна затоа што зависи од многу фактори. Доколку си заинтересиран/а за приватен час слободно пиши ни во формуларот за поставување прашања.

                    Имам „две леви нозе“!

                    За да танцуваш танго не е потребен посебен талент. Никој од нас нема амбиција да стане новата ѕвезда на „Танцот со ѕвездите“. Ние играме социјално танго, што значи дека главната цел е да уживаме и дека никој нема да не оценува.

                    Не сум музикален/музикална!

                    Музикалноста е вештина што се учи. Голем дел од времето на нашите часови е посветено на развивање на музикалноста. Нашата цел не е да создадеме уметници и балетани, туку луѓе кои ќе уживаат во музиката и танго прегратката на свој автентичен начин.

                    Немам време!

                    Тангото е вештина која се учи цел живот. Секогаш можеш да бидеш подобар/подобра… Колку време и енергија ќе посветиш, толку ќе напредуваш – секој самиот си го определува својот процес. Она што ние можеме да ти го ветиме е дека ќе сториме сè она што го учиш да биде применливо и прикладно за твоите можности.

                    Немам партнер!

                    Како социјален танц, тангото подразбира дека имаш можност или да танцуваш со својот постојан партнер или пак, што е вообичаена практика, да танцуваш со различни партнери. Како и да е, немањето партнер никогаш не e причина да се откажеш од танцување – пријави се и ние ќе ти најдеме партнер.

                    • YouTube
                    • Facebook
                    • Instagram