• Skip to main content

Научи танго!

За магија се потребни двајца

Најди внатрешен мир и надмини го стресот со интимна танго прегратка

Дали тангото го има токму она што докторот ти го препорачува? Како овој сензуален и елегантен танц може да ти помогне да најдеш душевно спокојство и да ги надминеш стресот и анксиозноста?


Постојаниот стрес и анксиозност може животот да ти го направат хаос. Тие предизвикуваат здравствени проблеми, емотивен немир и чувство на беспомошност.

Многумина се борат да најдат вистински начин да ги контролираат, но малку луѓе знаат дека постои еден лесен и забавен начин: танцувањето танго.

Целиот фокус на тангото е на поврзувањето и интимноста, а токму тоа е она што може да ти помогне да го најдеш внатрешниот мир и да го намалиш стресот во животот.

Во овој текст ќе ги разгледаме разните бенефити на танцувањето танго за намалување на стресот и анксиозноста. Овде, исто така ќе најдеш и препораки како може да почнеш со часови.

Нападнати од сите страни!

Стресот и анксиозноста се широко распространети проблеми. Луѓето работат подолго, се соочуваат со посилен притисок од претпоставените, се грижат за блиските, а истовремено наоѓаат сè помалку време за себе.

Многу студии покажуваат дека сето тоа води до цел спектар на физички здравствени проблеми, вклучувајќи болести на срцето, висок притисок и дијабетес. Постојаниот емотивен немир води во депресија и анксиозни растројства.

Поради сето тоа, секој треба да најде најдобар начин ефективно да го контролира нивото на стрес; да најде време за себе и да се опушти.

Спасоносна танго прегратка

Кога играш танго влегуваш во состојба каде што се губи чувството на време и каде што стануваш целосно присутен во сегашниот момент. Тоа е целосно медитативна состојба.

1. Двојна доза ендорфини

Танцувањето бара концентрација и фокусирање, што само по себе го смирува умот и го намалува стресот. Дополнително, физичкото движење прави телото да ослободува ендорфини, кои се природни стимуланси кои го подобруваат расположението. Поради тоа, кога играш танго всушност добиваш двојна доза ендорфини, што овој танц го прави неверојатно ефективен за намалување на стресот и подобрување на здравјето.

2. Чувство на припадност и доверба

    Но, она што тангото го прави неверојатно корисно не се само физичките бенефити. Тангот е танц на поврзувањето со други луѓе; танц на блискоста. Прегратката е интимна, исполнета со поддршка и заедништво: тоа создава чувство на безбедност.

    Кога танцуваш со партнер на кој му веруваш, вие комуницирате без зборови, на невербален начин. Тоа ти помага да си верувате и да си давате поддршка еден на друг. Оваа доверба силно го намалува стресот и анксиозноста затоа што во тебе гради чувство за припадност и поврзаност.


    Стресот и анксиозноста се тешки проблеми кои на многумина им изгледаат непремостиви – но тангото може да ти помогне! Чувството на занес и безвременост, ослободувањето на ендорфини, и доживувањето на интимната танго прегратка, каде што може да се осетиш безбедно и поддржано, помагаат да се надминат стресот и анксиозност на многу ефективен начин.

    Ако сакаш да го намалиш стресот и да најдеш внатрешен мир, танго часовите се одличен прв чекор.

    Зошто не се обидеш? Ќе се изненадиш колку ова искуство може да донесе внатрешен мир и благосостојба.


    Пријави се за бесплатни часови

    Ние не сме само училиште за танго – ние сме заедница!
    Работиме како непрофитна организација која сака да им го отвори светот на тангото на колку што може повеќе луѓе.

    *Не чекај – бројот на места е ограничен!


    Тангото знае да те опушти и да ти помогне да ги заборавиш секојдневните проблеми. Додека сум на час, еден саат во денот не мислам на ништо освен на танго.

    Владимир

    Тангото е мојот омилен дел од денот. Време кога потполно им се предавам на музиката и емоциите. Прегратка која ме носи во еден посебен свет.

    Зорица

    → Кликни тука да дознаеш повеќе